Поповски: Обилните дождови продолжуваат, можни се поплави
Објавено: 10 ноември, 2025, во 08:58 часот
„Целата територија на Македонија денеска, понеделник, 10 Ноември, ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекувани обилни и поројни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Локално се очекува да наврне поголемо количество на воден талог, за 24 часа над 30 литри на метар квадратен дожд. Токму поради ова можни се и локални поплави.
Обилните дождови се последица на влијанието на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот. Овие процеси локално ќе бидат застапени и во форма на невреме.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени и дневните од 10 со 18 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


