„StreetSafe!“ е избрана идеа на средношколци на велешка Гимназија во натпреварот „Милионер“, Велешани гласајте

Објавено: 13 ноември, 2025, во 12:00 часот

Тимот средношколци на „Гимназија Кочо Рацин“ Велес кои во натпреварот „Милионер“, автори се на проектна идеа „StreetSafe!“ составен е од Кристијан Трајковски, Дора Димова, Тијана Павлова и Сара Јорданова. Тие се млади ентузијасти кои веруваат дека технологијата може да го направи нашиот Велес и останатите градови да бидат побезбедни.

„Со идејата StreetSafe, создадовме концепт за иновативна платформа која им овозможува на граѓаните да пријавуваат небезбедни точки и да добијат реални решенија во рекордно време. Горди сме што сме дел од натпреварот „Милионер“ организиран од Brainster, каде што ја претставуваме нашата визија за побезбедна, посветла и поодговорна заедница!,“ рекоа Кристијан, Дора, Тијана и Сара.

И оваа проектна идеа  селектирана е во 50 најдобри во Македонија.

Победата зависи од гласовите на Велешани. Затоа сограѓани поддржете ги и гласајте на овој линк: https://milioner.mk/vote/b4eb2d9a-9088-43a1-94a8-8373f79515ae

Вашиот глас значи поддршка за млади луѓе од Велес кои преку проектни идеи размислуваат за сопствената и иднината на своите сограѓани преку конкретни решенија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.