Велешки Црвен крст со едукативна работилница за зависности за учениците од „Блаже Конески“

Објавено: 19 ноември, 2025, во 13:51 часот

Учениците од деветто одделение од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес, денеска, беа дел од едукација посветена на превенцијата и борбата против болестите на зависност. Настанот имаше за цел да ги запознае младите со последиците и штетните влијанија од употребата на цигари, алкохол и дрога, како и да ги поттикне кон донесување здрави и безбедни животни одлуки.

-Учениците покажаа голем интерес, поставуваа прашања и учествуваа во интерактивни активности преку кои добија корисни совети, информации и насоки за справување со ризични ситуации, изјавија од велешки Црвен крст.

Едукацијата беше реализирана од сертифицираната врсничка едукаторка Сара Јовчевска од Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Велес, која на разбирлив и близок начин им го пренесе своето знаење и искуство на учениците.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.