Општина Велес ќе обезбеди бесплатни униформи за сите ученици во основните училишта
Објавено: 28 ноември, 2025, во 13:45 часот
Учениците од основните училишта во Велес, во почетокот на учебната 2026/27 година ќе добијат нови бесплатни униформи од Општина Велес, соопшти градоначалникот Марко Колев.
-Со предвидување на средства во буџетот на училиштата за наредната година ќе се потрудиме учебната 2026/27 година да започне со бесплатни нови униформи за сите ученици од основните училишта, објасни Колев.
Според него, оваа мерка ќе придонесе за намалување на финансиските трошоци за семејствата и ќе создаде еднакви услови за образование за сите ученици. Дополнително, се очекува дека иницијативата ќе помогне во намалување на врсничката поделба и насилство поради материјална различност меѓу учениците.
-Младите се нашата иднина, а инвестирањето во нив е инвестиција во подобро утре за сите нас, порача градоначалникот Колев.
Стефани Манева


