Во Тиквешијата, ноќва, за три часа тројца мажи пијани возеле автомобили

Објавено: 14 декември, 2025, во 14:14 часот

Возачи, двајца од Неготино и еден од Кавадарци, се запрани ноќва во периодот пет минути по полноќ до 03:07 минути од страна на полициски службеници кои констатирале дека ги управуваат возилата под дејство на алкохол. Сите тројца се приведени во полициските станици во Неготино и Кавадарци.

„Во 00:05 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.Т.(36) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.

Во 02:15 часот, на регионален пат Неготино-Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Д.(26) од село Тремник, неготинско. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген голф“ со неготински  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта.

Во 03:07 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.С.(45) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки  регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

За сите тројца приведени возачи известен е надлежен јавен обвинител и како што додаваат од СВР Велес по целосно документирање на настаните против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.