Натпросечно топло целата оваа седмица, пролетта во декември продолжува
Објавено: 16 декември, 2025, во 08:40 часот
„Влијанието на високиот воздушен притисок (Антициклон) продолжува и во текот на оваа седмица. Времето ќе биде стабилно и суво со релативно ладни утра и со натпросечно топли денови. Сепак по котлините и по речните долини и понатаму, особено во утринските и во ноќните часови, ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Појава на магла и на ниска облачност особено во утринските и во ноќните часови ќе има и во делови од скопската котлина.
Во сабота на 20 декември ќе има позначителна облачност и појава на повремен локален дожд.
Што се однесува до температурите тие наутро, на повеќе места, ќе се спуштаат до и за неколку степени под нулата а преку ден на повеќе места ќе надминуваат 10 степени додека во југоисточните предели ќе се искачуваат и до 15 степени. Тоа значи дека натпросечно високите температури на воздухот за месец декември продолжуваат и во текот на целата оваа седмица,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
