Од утре попладне врнежи на дожд и снег

Објавено: 22 декември, 2025, во 08:46 часот

„Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитаранот, кои ќе бидат во склоп со продор на поладен воздух од север, од утре попладне, вторник, 23 декември,и во деновите потоа, во Македонија времето ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени локални врнежи од дожд кои што повремено ќе бидат пообилни. На планините над 1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег  и очекувам формирање на снежна покривка.

Ќе дува слаб до умерен ветер прво од југоисточен а потоа од североисточен правец  со повремено засилување на интензитет. Токму ова ќе услови намалување на маглата  и на загаденоста на воздухот по котлините.

Во Скопје  и околината времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд а на околните планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер прво од југоисточен а потоа  и од североисточен правец  со засилување на интензитет.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени а преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.  Во Скопје  и околината температурата наутро ќе се спушти до околу 1/2 степени а преку ден таа ќе се искачи до околу 7 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.