Издумани Крлевизми: „Збогум 2025 година, добредојде 2026 година!“
Објавено: 2 јануари, 2026, во 13:01 часот
Почитувани мои Думовци,
ги одброивме последните часови од 2025 година, а ја дочекавме и новата 2026 година. Првата наша дружба во неа нека биде со следниве Издумани Крлевизми:
„Мојот живот? Афористичен роман!“
„Некои години ги помниме по тоа што сме ги заборавиле.“
Каде оџакот не чури и на Дедо Мраз не му е лесно.“
Старата 2025 година некои ќе ја помнат по добро можеби и цел живот, а на тие што не им чурел оџакот ќе ја помнат по тоа што ја заборавиле. Новата 2026 година само што го премина прагот, а таа:
„Новата година е културен гостин. Точно знаеме кога ќе ни дојде и кога ќе си оди.
А во неа:
„Бидете тоа што сте, за да можете да станете тоа што сакате!“
„Стремете се секој ден да ви биде цвет додаден на букетот – живот! Ете ја неговата смисла!“
Бидете, живи, здрави со мигови исполнети со многу животни радости! Бидете задоволни од животот! Бидете тоа што сте!
„Подобро еден миг во времето, отколку милион галаксии простор.“
„Може да се живее и сто години, а да не се одживее ниту еден миг.“
„Задоволен сум од животот. Тоа ми е најголемото животно задоволство.“
СРЕЌНА НОВА 2026 Година!
Ваш, Атанас Крлевски


