Закроени лозјата на винарија „Шато Сопот“, од светецот Трифун беше посакана заштита на родот и производство на најквалитетни вина
Објавено: 14 февруари, 2026, во 14:54 часот
Во присуство на вработени, сопственици и гости, свештници на Епархија Повардарска го одржаа традиционалниот православен обред со коишто на плантажите на винарија „Шато Сопот“ го одбележаа празникот Свети Трифун. Закроени беа првите лозници на површината од вкупно 90 хектари поточно на четири сорти на грозје шардоне, ризлинг, темјаника и каберне од кои оваа винарија произведува 15 видови на вина. Плантажите на винаријата се наоѓаат , кај село Сопот, велешко.

Агроном инжинерот Дарио Здравев и енологот Божидар Илиевски ги направија првите закројувања за потоа да се вклучат сопствениците, сите вработени како и дел од гостите.


Очекувањата се светителот Свети Трифун да ги заштити лозовите насади и да ги дарува лозниците со богат и во исто време да го заштити родот од чија количина ќе бидат направени повторно едни од најквалитетните вина од Повардарското виногорје.
Убавка Јаневска

