Зголемен број на донатори со прво крводарување и одзив на општествено одговорна компанија, годинава, во Велес

Објавено: 11 ноември, 2026, во 15:30 часот

Заклучно со месец октомври во трите општини Велес, Градско и Чашка собрани се 1125 крвни единици повеќе од предвидените во Годишниот план на велешки Црвен крст. Бројката од веќе собрани 2804 крвни единици се очекува да ја зголемат и донатори во предвидени четири крводарителски акции, месецов и наредниот. Крводарителските акции ќе ги организираат ЗГ „Велес бајкинг“, Општина Градско, Гарнизонот „Алексо Демниевски Бауман“ и ООУ „Блаже Конески“ заедно со Општинската организација на Црвен крст Велес.

Со овие акции очекувањата на секретарот Орце Николов се дека ОО на Црвен крст Велес како и во годините наназад ќе го натфрли планот за 200 отсто и во 2026 година. Според Николов зголемен е број на граѓани кој за прв пат годинава даруваа крв. Исто така  интерес за организирање на крводарување покажана е и од компанија.

– Компанијата „Маркард“ ја покажа нејзината општествена одговорност и минатиот петок таму беше реализирана крводарителска акција во која беа собрани 48 крвни единици. Интересно е тоа што од тие 48 дури 19 дарители за прв пат даруваа крв. Се надеваме дека овој пример ќе го следат и останати компании, додаде Николов.

Инаку, во Годишниот план за 2026 година, велешки Црвен крст предвидел остварување на 1779 крвни единици, што произлегува од обрска донатори да бидат 3 % од вкупниот број на жители на општините Велес, Градско и Чашка и истиот е одамна натфрлен.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.