Велешките извидници направија „добро дело“, успешно реализираа традиционална крводарителска акција и најавија уште две

Објавено: 16 февруари, 2026, во 09:49 часот

По повод Светскиот ден на извидништвото, по четврти пат, се одржа традиционалната крводарителска акција во организација на Извиднички одред „Димитар Влахов” и велешки Црвен крст .

-На акцијата собрани се 45 крвни единици а петмина даруваа за прв пат крв и станаа дел од најхуманото семејство во државата, соопшти секретарот на велешки Црвен крст Орце Николов.

-Успешно реализирана крводарителска акција во рамки на прославата на светски ден на изидниците – 22 Февруари под македонското мото „Направи добро дело“ . Соработката со велешки Црвен крст и Институтот за трансфузиологија продолжува со уште две крводарителски акции кои годинава ќе ги организираме и тоа една во општина Велес и една во општина Чашка, рече старешината Ангелче Гушев на ИО „Димитар Влахов“.

Организаторите на крводарителската акција изразија благодарност на Театар „Џинот“ за отстапениот простор во кој се одржа акцијата, вчера, 15 февруари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.