Полицаец, две години, силувал и сексуално злоставувал малолетно момче во Велес, објави ТВ Телма

Објавено: 14 март, 2026, во 17:37 часот

„Полициски службеник е осомничен за кривично дело „Полов напад и силување“ извршено врз малолетник во Велес. Полицаецот вчера бил приведен, објави ТВ Телма.

-Пријавениот В.К. во периодот од 2024 до 2025 години во повеќе наврати го навел оштетениот (2008) да извршува полово дејствие врз себе си, одговорило МВР на новинарските прашања на телевизијата.

„Момчето станало жртва на 16-годишна возраст, а сега го пријавило случајот.

-Однесувањето на пријавениот (полициски службеник) кај оштетениот во целиот временски период предизвикало чувство на вознемиреност, срам и страв дека доколку се дознае тоа што се случувало ќе има негативно влијание за него, пишува во одговорот од МВР.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР на РСМ до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, против В.К. полициски службеник вработен во Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава за кривично дело „Полов напад и силување“ по член 186 став 2 в.в став 1 од Кривичниот законик на Р. С.Македонија.

Пријавениот В.К. во периодот од 2024 до 2025 години во повеќе наврати го навел оштетениот (2008) да извршува полово дејствие врз себе си.

Однесувањето на пријавениот кај оштетениот во целиот временски период предизвикало чувство на вознемиреност, срам и страв дека доколку се дознае тоа што се случувало ќе има негативно влијание за него.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални истраги, против полицискиот извештај службеник В.К. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје, упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед и отстранување од работното место- суспензија,“ објави ТВ Телма.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.