Под видео надзор се шест спортски терени и Спомен костурница во Велес

Објавено: 23 ноември, 2026, во 15:40 часот

Општина Велес, за да ги спаси од вандализам и уништување, веќе постави  24 часовен видео надзор на новоизградените спортски комплекси во градот и кај Спомен костурница .

Под видео надзор се спортските терени и комплекси во населба Тунел, во двор на ООУ „Васил Главинов“, во населба Дворови – кај Железен Мост и плато под Спомен Костурница како прв дел од изгласаната Програма на Совет на Општина Велес.

Во вториот дел од реализација на оваа програма ги опфати со видео надзор и спортските терени во населба Превалец и кај Автобуската станица. Видео надзорот е купен и поставен со финансиски средства на општината, поточно од давачките на граѓаните на Велес.

Според претседателот на Советот, Даниел Јаневски до крајот на годинава доколку се соберат доволно финансиски средства би можеле да се покријат со видео надзор уште две помали места чија намена се игра и забава на деца.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.