Владата одлучи да го намали Данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата од 18 на 10 отсто

Објавено: 23 март, 2026, во 11:09 часот

Со цел да се спречи ценовен шок, вчера, Владата донесе одлука да го намали Данокот на додадена вредност (ДДВ) .

„Врз основа на анализите на Регулаторната комисија за енергетика и состојбите на глобалниот пазар и берзите, се очекува на утрешната седница да предложат ново зголемување на цените на горивата и тоа за бензинот од 6,5 денари, а за дизелот од 10,5 денари за литар. Тоа би значело дека доколку не донесовме одлука за намалување на ДДВ, Еуросупер БС 95 ќе поскапеше на 93 денари, Еуросупер БС 98 на 95 денари, а дизелот на 102,5 денари. Со оваа наша одлука нема да имаме поскапување на бензинот, а дизелот ќе поскапи за 3,5 денари“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Освен веќе договорениот попуст од два денари за литар, Мицкоски, додаде дека ќе разговараат со „Окта“ за зголемување на попустот кон трговците и најави дека очекува и тие да намалат дел од својот профит додека трае кризата.

Намалувањето на ДДВ започнува од утре, 24 март. Мерката ќе трае две недели.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.