Невреме доаѓа кон Македонија: Обилни врнежи, планински снег и силен ветер
Објавено: 24 март, 2026, во 09:10 часот
„Почнувајќи од 26 март, четврток, од север кон јужна и југоисточна Европа ќе се спушти многу ладен воздух кој е невообичаен за овој период од годината. Токму ова ќе предизвика над Џеновскиот залив да дојде до формирање на длабок циклонски систем и истиот ќе го прошири неговото влијание над целиот Балкански Полуостров вклучувајќи ја и Македонија условувајќи обилни врнежи од дожд, снег, формирање на значителна снежна покривка, бурен ветер и нагло и големо заладување на времето.
Кај нас во Македонија на 26 март, кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок 27 март, прво во западните предели а потоа во поголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд ,повремено пообилни и поројни и проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец, локално со брзина од над 60 км/час, со можност овие процеси да бидат застапени во форма на невреме и со врнжи на воден талог од над 25 литри на метар квадратен.
Поради заладувањето и падот на температурите на планините и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри ќе има врнежи од снег и формирање на снежна покривка од над 15 сантиметри. Има услови особено во западните и во северните предели од Македонија снежната граница да се спушти под 1000 метри надморска височина со што врнежи од влажен снег да се појават и во повисоките населени места.
Во Скопје и околината ќе има врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој во делови од регионот ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Поради заладување и пад на температурите, на околните планини. врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Максималните температури позначително ќе опаднат во петок на 27март од 6 до 14 степени а во Скопје температурата ќе се искачи до околу 11 степени,“соошти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


