Моторциклистите на „Носачи на крстот“ повторно реализираа масовна крводарителска акција во Велес

Објавено: 29 март, 2026, во 16:37 часот

Сто четириесет и три граѓани се одзваа на повикот на ЗГ „Носачи на крстот“ и денеска даруваа крв во крводарителската акција што заедно ја спроведоа со велешки Црвен крст и Институт за трансфузиона медицина. Девет граѓани за прв пат даруваа крв и станаа членови на најхуманото семејство во градот.

-Акцијата е успешно реализирана за што говорат бројките. Одзивот на граѓаните на повикот на Носачи на  крстот беше голем. Собрана е количина од сите крвни единици. Општинската организација на Црвен крст им се заблагодарува на сите велешани што денеска дојдоа и несебично даруваа крв за да спасат живот, рече секретарот Орце Николов.

Денешната акција е дел од долгогодишната воспоставена соработка на граѓанското здружение во кое членуваат вљубеници на моторцикли и мотори и Црвен крст Велес. Таа во последните пет години се реализира преку организација на две акции откако претходно 15 години беше со по една крводарителска акција во календарска година.

Акцијата се реализираше во зграда на НТ „Јордан Х.К Џинот“ и траеше шест часа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.