Групниот костим „тик – так“ најдобар во ООУ „Блаже Конески“, одржана „Априлијада“ во сите основни училишта во Велес

Објавено: 1 април, 2026, во 16:05 часот

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ денеска беше само едно од вкупно четирите во Велес со програма „Априлијада“ посветена на Денот на шегата. Таму попладнево под маски и костими продефилираа учениците додека жири комисија прогласи најдобра групна маска. Оваа титула ја освои  групната маска на III 1 oдделение чии костими изгледаа како бонбоните „тик – так“.

Нивната наставничка Весна Јовевска заедно со колешката Елена Тембелеска објасни како ја донеле одлуката денеска нивните ученици да бидат „бонбони тик так“.

-Одлуката ја донесовме сите заедно поточно децата, родителите и ние наставничките за потоа да продолжиме со заедничка изработка. Тоа мислам дека придонесе за резултатот што денеска го постигнавме и на кои сите му се радуваме, рече Јовевска.

Лицата на учениците од III 1 одделение беа озарени од среќа и радост. Особено беа горди на фактот што се најдобри во натпревар во којшто учествуваат со костим што тие го создале како и што не носат купени костими од продавници.

Први Април – денот на шегата беше одбележан и во ООУ „Васил Главинов“, „Панко Брашнаров“ и „Свети Кирил и Методиј“. Секаде имаше многу смеа, кажување на шеги и голем број на убави костими кои беа инспирирани од јунаците на детските бајки, сказни или јунаци од филмови. Беа прогласени најиновативна и најсмешна маска како и најдобра групна маска. Најдобрите беа наградени со Благодарница.

Манифестацијата „Априлијада“ финансиски е поддржана од Општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.