Снежни Велигденски празници: За Велигден вистинско зимско време

Објавено: 6 април, 2026, во 08:09 часот

„Прогностичките модели упорно ни цртаат нагла  и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север  и формирање на снежен бран над Македонија кој би условил обилни врнежи од снег и исклучително ладно време. Исклучително ладно време барем одсега гледано прогностичките модели цртаат  и на 12 април ден Велигден.

Секако дека промени околу ова можно сценарио се можни и искрено се надевам на промени и дека токму ова сценарио нема да ни се случи зошто и тоа како не ни е потребно сега. Конечна метео анализа за тоа какво време не очекува за Велигденските празници и на ден Велигден ќе објавам во следните неколку денови. Исто така јас постојано со секое ново ажурирање на прогностичките модели ќе ве информирам за состојбата на прогностичките модели за Велигденските празници и за ден Велигден, соошти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.