Д-р Ќулумова: Велешка Општа болница мери густина на коскена срж на пациенти – зошто за граѓаните значаен е апаратот Дензинометар? (видео и фото)

Објавено: 11 април, 2026, во 13:33 часот

Ова е медицинскиот апарат Дензинометар којшто е поставен на Рентген одделението во Општа болница Велес. Апаратот ќе ја мери густината на коскената срж во човечкото тело. Вредностите кои што ќе ги мери се значајни за превенција поточно за рано откривање на Остеопороза или состојба на намалена коскена маса и деградација на коскеното ткиво, кои што доведуваат до зголемена кршливост на коските и последователно зголемен ризик од фрактури или скршеници. Заболувањето се појавува бавно со тек на години и е почесто кај жените.

Остеопенија е всушност раниот стадиум на остеопороза, која може да започне на 35-годишна возраст, со прогресивно намалување на коскената масаРизикот за фрактури на коските понатаму се дуплира на секои 10 години, како за жени, така и за мажи. Затоа е значајно да се направи превентивен преглед за кои што велешка Општа болница пушти термини за прегледи на граѓаните, рече д-р Елена Ќулумова специјалист интернист на Интерно одделение и додаде:

Резултатите од овој многу значаен преглед ќе ги читаат д-р Ќулумова спедијалист по Интерна медицина,  д-р Зоран Арсовски специјалист ортопед како и двајцата лекари специјалисти по физијатрија кои ќе доаѓаат и издаваат здравствени услуги на Физикалното одделение.

Според д-р Ќулумова, Дензинометарот е подеднакво значаен за здравствената состојба и на мажите и на жените иако болеста остеопороза почесто го напаѓа коскениот скелет на женската популација. Веднаш по менопаузата кај жените почесто се појавуваат здравствени промени на колковите додека кај мажите тоа се случува по 70 година во животот. Превентивниот преглед се прави еднаш годишно и доколку се утврдат дегенативни промени состојбата се следи и се ординира соодветна терапија.  

Резултатите на последните направени здравствени испитувања за остеопороза и остеопенија во Македонија покажаа проценка дека повеќе од 60.000 Македонци постари од 50 години имаат остеопороза. Жените над 45 години имаат почести хоспитализации за остеопоротични скршеници отколку за карцином на дојките. Една од четири жени и еден од 20 мажи над 65 години има остеопороза.

Досега медицинскиот апарат Дензинометар го имаа скопски клиники, Клинички центар Штип и Општа болница Тетово. Апаратот во Општа болница Велес е набавен неодамна од страна на министерство за здравство и ФЗОМ и ќе можат да го користат граѓаните како од Велес така и од Повардарието.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.