ЗГ„Акцијаш ветерани“ го направија пристапен Крстот над црквата за жителите на Бањица, во Општина Чашка (фото)

Објавено: 19 април, 2026, во 17:02 часот

Подготвија бетон, нивелираа површина од 100 м2 на платото под Крстот над црква „Свети Спас“ во село Бањица, собраа и товарија 6 кубика шут од стари ќерамиди и успеаја да наполнат ѕид долг 7 метри со бетон, денеска, 15 членови на ЗГ„Акцијаш – ветерани“. Работната траса на која работеа се наоѓа веднаш под Крстот во црковниот двор.

На акцијашите ветерани им се придружија и жители од село Бањица, членови на Црковниот Одбор како и поранешниот Градоначалник на Општина Чашка, Горан Стојановски.

-Одговоривме на барањето на Одборот на црквата и им помогнавме на жителите на село Бањица. Добро се организиравме, работниот материјал беше набавен и нашата ефективна работа од шест часа даде краен резултат. Сега глетката е поубава а и пристапот на жителите на селото до крстот е олеснет , рече претседателот на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Горан Петков.

Црквата „Свети Спас“ е обновена и е еден од поубавите  духовни храмови во општина Чашка.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.