НСОН: Oбезбедeнa правна помош за секој член при евентуално загрозување на работното место
Објавено: 20 април, 2026, во 10:53 часот
Советот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН), одржа редовна седница на која ја разгледа најавената оптимизација во основните и средните училишта, изразувајќи сериозна загриженост за можните последици врз вработените.
Од синдикатот информираат дека внимателно ја следат состојбата и најавуваат дека во наредниот период ќе побараат целосна и детална анализа од Министерство за образование и наука, со цел да се утврди дали тврдењата дека нема да има губење на работни места се навистина издржани.
„Советот на НСОН донесе одлука да обезбеди правна помош за секој свој член на кого евентуално би му било загрозено работното место,“ пишуваат во соопштението испратено до медиумите.
Оттаму додаваат дека дополнително, едногласна била изгласана Одлука синдикатот да одговори со штрајк доколку дојде до прогласување технолошки вишок и отпуштања во образовниот сектор.

Дума.мк

