Затоплување до викенд, па промена со врнежи – детална најава на временска прогноза

Објавено: 24 април, 2026, во 08:05 часот

„Во следните денови не очекува стабилно и потопло време со постепен пораст на температурите. До викендот во Македонија времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од 17°C до 22°C, а утринските ќе бидат свежи, околу 4 до 7°C.

Во недела,26 април, денот ќе биде врв на топлиот бран со значително затоплување со температури до 26°C или вистинско пролетно/рано летно време.

Почеток на следната недела ќе ни донесе стабилно, топло и претежно суво време со температури околу 22–23°C.

Од среда, 29 април, па натаму следува промена на времето со појава на локални врнежи од дожд, кои кон крајот на неделата ќе бидат поинтензивни. Можно е и краткотрајно заладување.

Во Скопје времето ќе биде слично како и во остатокот на државата, топло до викенд, потоа постепена дестабилизација.

МЕТЕО АЛАРМ предвидува дека во петок,1 мај, локалните врнежи ќе бидат интензивни со наврнат пообилен дожд во количини над 5–10 mm во одредени места во Македонија.Можно е нестабилно време со краткотрајни поројни врнежи,“ соопшти метео прогнозерот Давид Трајчевски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.