Идните велешки Гимназијалци ќе учат по нова Програма, на Отворениот ден пред матурантите се презентираа и Универзитети (видео)
Објавено: 5 мај, 2026, во 13:49 часот
Деветоодделенците кои во новата учебна 2026/27 година ќе се запишат во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ ќе учат по нова Програма која им овозможува класично гимназиско образование и од втора година избор на предмети што тие сакаат да ги учат покрај задолжителните Македонски јазик и Математика. Тоа поконкретно значи дека со избраните предмети учениците се насочуваат да стекнат знаења што ќе им користат во области што нив ги интересираат и се значајни за упис на избран факултетот од високото образование. Значи сите останати предмети како Социологија, Етика, Филозофија, Историја, Географија, Физика, Хемија,Психологија, Информатика и останати.

Учениците насоки ќе можат да добиваат од наставниците кои се Кариерни советници, Магдалена Сарагинова и Цветанка Карамаркова.
Директорот на велешката Гимназија, Иле Попов, вели дека новата Гимназиска концепција, нуди послободно насочување кон интелектуалните капацитети и афинитетите на учениците кои стекнатите знаења ќе треба на крајот да ги покажат на задолжително полагање на државна матура.
Во дворот на средното училиште дојдоа и преставници на македонските Универзитети кои ги претставија програмите и предностите што им ги нудат од високото образование.


На деветоодделениците кои денеска беа присутни на Отворениот ден на ова средно училиште, исто така, учениците од Гимназијата им ги покажаа сите резултати од воншколските активности кои ги изведоа.

Во учебната 2026/27 година во СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ ќе можат да се запишат 245 деветоодделенци во вкупно седум паралелки со од 25 до 35 ученици. Тие во четири паралелки наставата ќе ја следат на Македонски јазик, во една на Албански, една е Билингвална како и една на Спортска Академија каде ќе се образуваат фудбалери.
Убавка Јаневска



