Чадори со вас – цела оваа седмица со дожд, грмежи и локално невреме

Објавено: 18 мај, 2026, во 08:44 часот

„Територијата на Македонија во текот на целата оваа седмица, односно во периодот од 18 до 24 мај, ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност која што ќе се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација и оваа седмица ќе имаме многу променливо и нестабилно време со сончеви периоди. Повремено ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.

Локално атмосферските процеси повторно можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), со силен северен ветер (до 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.

Во Скопје и во околината во текот на целата оваа седмица, времето ќе биде променливо и многу нестабилно со сончеви периоди. Повремено ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен правец и услови за појава на невреме во делови од котлината.

Температурите и понатаму ќе ни бидат под просекот за овој период од годината. Тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени а пониски температури ќе имаме утре, вторник, 19 мај, во интервал од 15 до 23 степени. Во Скопје и околината температурата во текот на оваа седмица ќе се искачува во интервалот помеѓу 20 и 26 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.