Циклон, денеска, ни носи обилни врнежи, грмежи и ветер
Објавено: 19 мај, 2026, во 08:30 часот
„Територјата на Македонија до крајот на денешниот ден, вторник, 19 мај, ќе биде под влијание на циклонска активност југоисточно од државата и на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови облачно време со врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат обилни и поројни како и проследени со локална појава на грмежи, со засилен ветер од северен и од северозападен правец (до околу 60 км/час). Локално атмосферските процеси во овие предели може да бидат поинтензивни и во форма на невреме.
Во западните и во југозападните предели локално ќе наврне поголемо количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Во Скопје и околината до крајот на денешниот ден, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено може да бидат и пообилни како и проследени со услови за појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Температурата во текот на денешниот ден ќе биде под просекот за месец мај со искачување во интервалот од 14 до 23 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 19 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


