Еден приведен и втор велешанец повикан на разговор – за физички напад на брачна партнерка и за вознемирување на поранешна сопруга

Објавено: 20 мај, 2026, во 12:38 часот

„Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера вечер, во 19:15 часот го лишиле од слобода С.Д.(70) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 69-годишна сопруга дека физички ја нападнал пред семејниот дом. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Шест часа и 15 минути претходно во СВР Велес бил извршен службен разговор со А.З.(36) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна поранешна сопруга дека не го почитувал решението од Основен суд Велес со изречени привремени мерки за забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со пријавителката, односно дека преку мобилен телефон на нивните малолетни деца и неговиот мобилен телефон воспоставувал индиректна вербална комуникација со неа и ја вознемирувал. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од велешката полиција.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.