Фотографии и овации од ученици на показните вежби на пожарникарите во двор на Противпожарен дом Велес (видео и фото)

Објавено: 20 мај, 2026, во 14:19 часот

За фотографии на социјалните мрежи ги ставаа пожарникарските заштитни кациги на глава, чекаа во ред за седнување во против пожарните возила и цистерни, љубопитно ги бараа копчињата за вклучување на сирените, ги набљудуваа и против пожарните црева и уживаа да допираат против пожарна опрема денеска учениците – гости на велешките пожарникари. Ги имаше од сите основни учишта во градот. И бидејќи чичковците пожарникари дотерани во нови униформи беа премногу љубезни со нив па се им објаснуваа додека радозналите погледи шетаа насекаде во Противожарниот дом се правеја селфиња и рилсови.

На настанот Отворен ден по повод празникот на македонските пожарникари, 20 мај, овации одекнуваа од сите страни во дворот додека велешките спасители од пожари, елементарни непогоди, сообраќајни несреќи и други немили настани ги изведоа показните вежби скокање од 12 од вкупно високата 18 метарска кулата во дворот на гумениот душек и симнување со јаже од третиот кат на земја.

Денот на пожарникарите во име на Општина Велес им го честиташе претседателот на Совет на Општина Велес, Даниел Јаневски.

На настанот присуствуваа и пензионирани пожарникари а љубопитен беше и за граѓани кои случајно се најдоа во делот на Велес каде што се наоѓа Противпожарниот дом.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.