Летни температури, над 30 степени, ни носи новата седмица

Објавено: 26 мај, 2026, во 09:05 часот

„Новата седмица ни носи летни температури во Македонија кои на повеќе места ќе се искачуваат помеѓу 25  и 30 степени, додека во централните  и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 30 степени.

Очекувам постабилна атмосфера во текот на новата седмица, но повремено и локално повторно секако може да рачунаме на развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Сепак, за разлика од западна  и југозападна Европа каде е многу топло, засега кај нас не очекувам екстремно високи температури на воздухот и тие ќе бидат далеку попријатни и поумерени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.