Светите Константин и Елена

Објавено: 3 јуни, 2026, во 10:07 часот

На денешен датум православните христијани одбележуваат празник посветен на Римскиот император, Царот Константин Велики и неговата мајка Елена.

Константин се смета за првиот христијански римски император. Преданието раскажува дека неговата мајка, царица Елена, била на аџилак во местата каде што живеел Исус, изградила неколку манастири и го открила крстот на кој бил распнат.

Со царот Константин почнува една нова, христијанска ера во Римската државна историја, а тоа тој го одбележал со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол. Свети Константин го свикал и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осудила ереста на Ариј. Изградил многу величествени цркви, посебно во Ерусалим. Пред смртта се крстил, а по смртта црквата го приброила овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена. Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни Царот Константин Велики и царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијаните, тој е првиот владател на големата Римска империја што ја признал оваа вера

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.