Познати учесниците на XXI Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2026“ – фолклористи од три континенти
Објавено: 4 јуни, 2026, во 14:23 часот
Играорци, ансамбли, танчерски групи и оркестри од Македонија, од Србија, од Полска, од Италија од Австралија, од Мексико и од Костарика ќе бидат учесници на годинешниот ИФФ „Велес“. Вкупниот број на учесници кои се очекуваат да ги угости Велес а тие да му возвратат со песни, игри, танци и музички настапи ќе се движи помеѓу 160 и 180. ИФФ„Велес 2026“ ќе се одржи од 1 јули до 5 јули во Амфитеатар на Младински парк Велес.
Потврдено е гостувањето на КУД „Македонаки бисери“ од Волонгонг, КУД „Светлост“ и КУД„Никола Карев“ од Мелбурн сите од Австралија, КУД „ Доситеј Обрадовиќ“ од Белград – Србија ,Ансамбл за песни, игри и танци „Лублин“ од Полска, Ансамбл „Мишел Грион“ од Капривезе – Италија, Ансамбл „Акулмензитли Мацехуани“ од Мексико и Национален Ансамбл „Цецус“ од Санкосе, Костарика.
-Преговараме со уште еден ансамл и ќе соопштиме за некој ден дали ќе имаме чест да го угостиме. Станува збор за странски ансамбл. Организацискиот Одбор ги привршува подготовките. Сместувањето на гостите е договорено, ги привршуваме и останатите активности, рече Томе Јаневски претседател на Ансамбл „Керамичар“.
На годинешниот фолклорен фестивал за прв пат ќе учествуваат и две културно уметнички друштва од западна Македонија. Публиката ќе има можност да види интересни кореографии на КУД„Дримкол“ од Вевчани и Градски КУД „Браќа Гиноски“ од Гостивар.
На Фестивалот во четирите вечери публиката ќе ги проследи и настапите на домаќините, КУД „Коле Неделковски“, ФА„Вила зора“, Ансамбл „Керамичар“, „Распеани велешани“ и „Распеани пензионери“ како и Оркесарот за традиционални инструменти на ОМУ „Стефан Гајдов“.
ИФФ„Велес“ кој од пред три години е член на CIOFF – светска организација на фолклорни фестивали и годинава ќе биде домаќин на гости од три континенти, европскиот, американскиот и австралискиот.
Убавка Јаневска


