Доцни исплатата на социјалните надоместоци – од МСПДМ објаснуваат зошто? 

Објавено: 6 јуни, 2026, во 10:07 часот

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади информираат за причините кои ќе ги пролонгираат исплатите на правата од социјална и детска заштита. Се имплементирало ново софтверско решение со кое се вршела модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на надоместоците на граѓаните од само неколку денови.

„Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку дена. Сакаме да ги увериме сите корисници дека нивните права се целосно обезбедени и дека исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните технички усогласувања,“ пишува во соопштението за јавност на МСПДМ.

Оттаму упатуваат молба до граѓаните за разбирање и трпение во овој преоден период, бидејќи како што дообјаснуваат, станувало збор за процес кој долгорочно ќе овозможи побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за сите корисници.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.