Скоро три пати повеќе крводарители од минатата крводарителската акција „Во чест на Рацин“

Објавено: 8 јуни, 2026, во 09:50 часот

Деведесет велешани даруваа крв на традиционалната крводарителска акција по повод Рациновите средби во Ликовен салон Велес.

-Четворица од дарителите даруваа за прв пат. Тоа е најголем број на оваа акција. Минатата година беа дарувани 36 крвни единици. Годинешната крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата учество зедоа петмина волонтери од Клубот на млади, рече Орце Николов секретар на велешки Црвен крст.

Годинава крводарителската акција се одржа под мотото “Ти подарувам бесмртност” како дел од Програмата на 63 Рацинови средби.

Д.И

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.