Едно девојче и 33 момчиња можат да се запишат во гимназиската фудбалска паралелка во Велес

Објавено: 12 јуни, 2026, во 16:05 часот

На селективниот тест поточно тренинг којшто се одржа на велешкото фудбалско игралиште во населба Превалец со право да се стекнат со средно образование за спортската дисциплина фудбал се стекнаа деветоодделенци од велешката и соседните општини Чашка, Градско и Лозово.

Пред стручни лица на Фудбалската федерација на Македонија, професори по физичко образование, тренери на младински фудбалски клубови и академии помеѓу 34 деветоодделенци кои покажале најдобри резултати на тренингот или селективен тест има едно девојче и 33 момчиња.

Покрај девојчето БИЉАНА СТОЈАНОВСКА селектирани се и момчињата ШОПОВ МАТЕЈ и ШОПОВ ЛУКА, МАРКО ГРБИЌ, ЏЕНАН ЛЕКИЌ, АНДРЕЈ ШОПОВСКИ, ДИМИТАР ЈОВАНОВСКИ, МАТЕЈ ДИМИТРОВ, МАРКО ЧУЛЕСКИ, ДАВИД НИКОЛОВ, ОГНЕН ТОДОРОВСКИ, МАТЕЈ БОНДИЌОВ, БОЈАН ТОДОРОВ, СТЕФАН ПРПЕВ, ЈАКУБ УСЕИНОВ, НИКОЛА АНДОВ, ГОРЈАН ТАСЕВ, ИЛКОВСКИ АНДРЕЈ, АХМЕДОВ ЏАНФИДАН, ДАМЈАН СТОЈАНОВИЌ, ЃОРЃИ ДИМОВ, ДАВИД ПЕШАНКОВ, ДАМЈАН СТЕФАНОВСКИ, ДАВИД ЈОСИФОВ, АЛАЈДИН АХМЕДОВ, МЕРТ ДЕМИРОВ, СЕРДАН МЕХМЕДИ, ФИЛИП СТОЈМЕНОВСКИ, СТЕФАН ПЕТРОВИЌ, ЕЛВИР ЛЕКИЌ, ИСЕИН АЛИМОВСКИ, ЈАСИМ РУШИДОВ, УВЕЈС СКЕНДЕРОВ како и СЕМИРХАН ТАИРОВСКИ.

Овие спортски фудбалски надежи на Велес сега ги очекува упис во спортската гимназиска паралелка закажан за вторник, 16 јуни, во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ со почеток од 08:00 часот.

Според зборовите на двајцата професори Славче Недев и Зоран Кочов како и тренерот  Ане Темелков потребни за упис во средно образование – фудбалска паралелка се документите: сведителства за завршени од 6-то до 9- то одделение и Извод од матична книга на родени. Професорите ќе ја завршат комплетната постапка за запишување со цел да не се направи грешка и наместо во Велес учениците да се запишат во Скопје.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.