Полицијата лишила од слобода двајца велешани, син и татко, за поседување на оружје без дозвола како и за поголема сума на пари
Објавено: 18 јуни, 2026, во 13:54 часот
„На 17.06.2026 во 03:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода татко на 49 години од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“ со рамка 13 куршуми без соодветна документација и поголема сума пари. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека таткото извесен период ја малтретирал неговата ќерка ѝ забранил да излегува од дома како и дека поседувал оружје. Исто така, со судска наредба, бил извршен претрес и во викенд куќа во село Капиново, општина Чашка, сопственост на неговиот татко на возраст од 74 од Велес. При претресот, таму биле пронајдени и одземени два пиштоли, 71 куршуми, пет патрони и дрвен кундак со ременик без соодветна документација, по што и тој бил лишен од слобода. Таткото и синот биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ пишува во полициското соопштение.
Дијана Иванова


