Издумани Крлевизми: „За многу работи, стапот е лек – на него никој не стекнал имунитет“

Објавено: 26 јуни, 2026, во 11:34 часот

Петочен термин за читателската заедница на Дума.мк која е љубител на афоризмите на Атанас Крлевски. И овој пат, наостреното афористичко перо, инспирирано од секојдневните случувања во изминатата недела создаде 10 нови афоризми. Прочитајте ги:

„Ми го мисли лошото. Значи не мисли“

„Погледот е убиец за кој нема закон“

„Во тоа што не го гледам, верувам само кога сум заљубен“

„Многу умни луѓе парите ги трошат на глупости“

„Кај мене лутината е гостинка, а за таква гостинка пет минути се доста“

„ВИ ми призна: „Во твое присуство сум инфериорна“

„Започнав со цвет, продолжив со букет и… стигнав до нејзин градинар“

„За многу работи, стапот е лек. На него никој не стекнал имунитет“

„ВИ е сѐ во едно!“

„Воопшто не сум себичен… кон себе!“

Вашиот,

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.