Пожар избил во кујна на кафеана, велешките пожарникари го изгаснале и не дозволиле да се прошири

Објавено: 29 јуни, 2026, во 10:29 часот

Пожарот во кафеаната „Шкорпион“ на ул: „Никола Карев“ бр.33 избил вчера вечер, околу 22:00 часот и веднаш бил пријавен во Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Велес. По примената дојава пожарникарите спасители веднаш излегле на терен.

„Територијална против пожарна единица Велес излезе на лице место со 2 против пожарни возила и 6 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место констатирано беше дека гори делот од кујната. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги не е дозволено експлозија на плински боци кои се наоѓале во кујната. За брзо време пожарот е ставен под контрола и целосно изгаснат. Во акцијата нема повредени, соопштија од велешката ТППЕ.

Пожарникарите спасители апелираат до граѓаните доколку забележат пожар веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 или 193.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.