Падна гранка од дрво на електричниот вод на пругата Скопје – Гевгелија во Долни Дуќани и се запали
Објавено: 16 јули, 2026, во 09:38 часот
Дојавата за запалено дрво на ул. „Димко Најдов“ кај летниковецот во велешката месност Долни Дуќани во Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Велес била примена утрово во 06:20 часот. На лице место излегле двајца пожарникари – спасители со едно против пожарно возило кои што на лице место затекнале состојба на падната гранка врз електричниот вод на железничка пруга Скоје – Гевгелија, која што гори.
-Од наша страна беше испрскана со средство за заштита од пожар севкупната површина под електричниот вод. Исто така известени се Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес и Центар за управување со кризи (ЦУК), рече командирот Диме Јовановски.
Од подрачна единица Велес на ЦУК информираа дека известено е ЈП „Надионални железници“ и ЕВН за настанатата состојба.
Од ТППЕ Велес повторно апелираат на соработка со граѓаните и навремено информирање за забележани задимувања или пак оган кој не треба да се пали на отворен простор.
Убавка Јаневска


