Ансамбл „Керамичар“ го претстави Велес и македонскиот фолклор на турнеја во Хрватска и Босна и Херцеговина (фото)
Објавено: 30 јули, 2026, во 14:44 часот
Пет денови вкупно траеше турнејата на велешките фолклористи во двете држави, поточно во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Ансамбл „Керамичар“ со кореографии кои го содржат добро познатиот и уникатен седум осмински такт, од 22 до 27 јули, годинава, ги собраа аплаузите и овациите на публиката во Осјек и Јазовица, кај Новска во Хрватска како и во Босанска Отока во БиХ.


Велешките играорци прво настапија на манифестацијата ,,Денови на Македонската култура,, во Осијек заедно со домаќините поточно фолклористите на Македонско културно друштво ,,Браќа Миладиновци,, од Осијек а потоа и на манифестацијата ,,Македонска фолклорна вечер,, во Јазавица кај Новска заедно со КУД ,,Поунски плетер,, , КУД ,,Запрешиќ,, , Фолклорен ансамбл ,,Пакленица,, и ,,Костајнички тамбураши“.

Исто така, два настапи на вечерни концерти „Керамичар“ изведе и на „25-ти Фестивал фолклорног стваралаштва“ во Босанска Отока, во Босна и Херцеговина. Станува збор за фестивал на кои што се претставија 16 Фолклорни ансамбли од Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Република Српска, Чешка и Швајцарија.





На оваа турнеја велешките играорци ги изведуваа кореографиите „Прилепски игри“, „Поречки игри“, „Водарки“ и „Игри од Пирин“.
Убавка Јаневска


