Шеесет и едно годишен велешанец возел „сеат алтеа“ со 2,20 промили алкохол во крвта

Објавено: 30 јули, 2026, во 15:05 часот
Фото:Архива на Дума.мк

Велешанецот Х.Б.(61) бил запран од полициски службеници н на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес во сообраќајна контрола на улица во градот. Алхотестот што му бил направен покажал резултат дека во неговата крв има присуство на 2,20 промили алкохол. Пијаниот возач бил приведен во Полициска станица.

„На 29.07.2026 во 19:10 часот на улица „Вардарска“, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Х.Б.(61) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.Б. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,20 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, “ соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.