Трудници подготвени за прво природно породување и поддршка од идни татковци се резултати на Програма на Гинеколошко акушерското одделение во велешка болница  

Објавено: 31 јули, 2026, во 11:15 часот

Во групи од по шест трудници, континуирано, доаѓаа на бесплатна едукација што за нив ја организираа акушерки и медицински сестри на Гинеколошко акушерско одделение. Велешката Општа болница им обезбеди простор за теоретско образование и за практично изведување на вежби кои им го олеснуваат периодот на бременост како и  придонесуваат чинот на породување да се изведе по природен пат.

Од почетокот на годинава вкупно 40 трудници ја завршија обуката а дел од нив во меѓувреме станаа  мајки. Тоа што особено го радува здравствениот тим е што во овој процес на едукација се вклучија и татковците на родените бебиња и на новороденчињата чие што раѓање се очекува.

Вкупната бројката на обучени родилки се однесува на периодот од првите седум месеци на оваа година. Таа му значи на тимот на ова одделение на велешка болница. Акушерката Вида Тончова вели дека за постигнатите резулти говорат трудниците вклучени во оваа Програма на која тие, здравствените работници, комплено се посветија уште од моментот кога ја создаваа.

Интеракцијата и бројот на трудници како и идни татковците ни дава за право да констатираме дека сме на вистинскиот пат на кој од една страна уриваме стереотипи во локалната заедница и од друга страна имаме едуцирани идни млади мајки и татковци, вели дипломираната и одговорна акушерка Елизабета Митковска.

Месец август е предодреден за користење на годишни одмори а веќе од септември, годинава, овој тим поддржан од сите здравствени работници на Гинеколошко акушерското одделение и менаџерскиот тим на Општа болница Велес ги очекуваат новите групи.

Обуката ќе продолжи иако до сега се се реализира на волонтерска основа и нема поддршка од потребни помагала или дополнителна опрема на донатори. Но тоа не ги обесхрабрува иницијаторите на Програмата која вреди да биде финансиски поддржана од донатори.

Тоа ќе им значи како ним така и на вклучените трудници чии број кога е во прашање природното породување расте што значи дека се ослободиле од стравот.

Интересни за читање беа од нив напишаните пораки во Книга на впечатоци која ќе се чува на Гинеколошко акушерското одделение во оваа велешка јавна здравствена установа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.