ИН МЕМОРИАМ: Прим. Д-р Никола Стојановски – „Борбата за македонскиот јазик и идентитет никогаш не смее да биде заборавена“ (1923 – 2026)
Објавено: 2 август, 2026, во 18:27 часот
На 103-годишна возраст, утрово, на 2 Август – Илинден, почина Прим. Д-р Никола Стојановски, по професија признат и ценет специјалист педијатар, хематолог со завршен Медицински факултет во Белград во 1952 година и специјајализација по Педијатрија во Загреб во 1958 година. Прим д-р Стојановски го отвори Детско одделение во Болницата на Медицински центар на Титов Велес во 1964 година и беше директор на оваа јавната здравствена установа во периодот 1964 – 1987 година, кога и се пензионираше. Народниот лекар докторираше на тема „Таласемии во Велешки регион“ објавен во 1983 годин додека во својата научно истражувачка дејност има објавено над 90 стручни трудови. Меѓу последните негови стручни книги се „Здравствената култура во Велес и Велешко од минатиот до крајот на XX век“ (2000 год.) и три години подоцна „Д-р Панче Васков – живот и дело“.
Прим. Д-р Никола Стојановски беше учесник во Народноослободителната борба, еден од организаторите на историскиот Штрајкот на велешките гимназијалци. во март 1942 година, со кој што како дел од тогашната слободоумна велешка напредна младина и интелигенција се спротивстави на бугарскиот фашистички окупатор, во образованието, во најстарата Гимназија во државава да биде исфрлен македонскиот јазик и воведен јазикот на окупаторот.
Прим. Д-р Стојановски беше учесник во Народноослободителната војна, беше меѓу првите пратеници од Велес во првиот состав на Собрание на Република Македонија и прв Претседавач на конститутивната седница на 8 јануари 1991 година на која што беа поставени темелите на современиот парламентарен живот во независна Македонија. Исто така, ја извршуваше и функцијата на Претседател на боречката организација поточно Сојуз на здруженија на борци од Народноослободителелната војна во Македонија како и почесен Претседател.
Прим. Д-р Стојановски ќе остане запаметен по пораката: „ Борбата за македонскиот јазик и идентитет никогаш не смее да биде заборавена“.
Тој роден е во 1923 година во велешкото село Скачинци, велешко додека скоро целиот сопствен живот на исклучително значаен лекар како и на политичар го живееше во неговиот Титов а потоа и Велес.
Погребот на Прим.Д-р Стојановски ќе се одржи деновиве, најверојатно во Велес каде што се наоѓа семејната гробница доколку се испочитува неговата желба. Семејството дополнително ќе ја соопшти одлуката за денот и часот на испраќањето на посмртните останки на таткото и дедото.
Дума.мк


