Топло време со температури до 40 степени
Објавено: 4 август, 2026, во 08:24 часот
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер, гласи временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе се движат помеѓу 31 и 40 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, проследено со слаб ветер од променлив правец.
Топлото време се очекува да продолжи во наредните денови, а на одделни места дневната температура ќе надмине 40 степени.
Од четврток до крајот на седмицата, ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и со грмежи.
Дума.мк


