Ангелов: Во кавадаречко пожарникарите интервенираа целата ноќ, пожарот значително е намален но сеуште е активен

Објавено: 4 август, 2026, во 08:41 часот

Пожарот во кавадаречко сеуште е активен, невозможно е да се воспостави контрола над огнот кој што зафати претежно нискостеблеста вегетација. Силниот пламен кој се појавува од време на време е последица на согорувањето на многубројните ниски смреки. Гаснењето од страна на кавадаречките пожарникари продолжи во текот на ноќта и како што информираа од Дирекцијата за заштита и спасување со нив бил и градоначалникот Митко Јанчев.

„Утрово од 06:00 часот на пожарот се ангажирани повеќе екипи на два правци, првиот на правецот од село Дреново кон Ќесендре каде интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна, 1 скип и 2 вработени; Министерство за внатрешни работи со 1 џип, 1 пинцгауер и 4 вработени; Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Бор“ од Кавадарци со 1 камион, 1 џип и 4 вработени како и Територијалната против пожарна единица Кавадарци со 2 пинцгауери, 1 „Лада Нива“ и 8 пожарникари.

Во реонот на село Раец интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна за вода, 1 скип и 2 вработени, Територијалната против пожарна единица Кавадарци со 1 против пожарно возило и 5 пожарникари, Територијалната против пожарна единица Неготино со 1 џип и 4 пожарникари како и 4 вработени од Министертво за внатрешни работи,“ соопшти Стојанче Ангелов директор на Дирекција за заштита и спасување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.