Сончево со температури до 40 степени
Објавено: 5 август, 2026, во 08:50 часот
Македонија влегува во најкритичниот период од летото. Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, но и со слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Дума.мк


