Украсни мали тикви во форма на печурки од бавчаванџиите Караколеви – интересни природни украсни во домови и угостителски објекти (видео)

Објавено: 10 август, 2026, во 17:06 часот

Овие украсни тикви се родија на бавчата (градина) во Велес, која што е сопственост на познатото бавчаванџиско семејство Караколеви. Неговите членовите, производители на зеленчук, ги засадиле од семки додека креативноста на нивни деца уште за време на растење на тиквите ја претвориле идејата во цел поточно во дополнително украсување со тоа што на нив почнале да ги испишуваат, како посвета, буквите од презимето или сопствените имиња.

Шарените украсни мали тикви, кои на прв поглед личат на печурки, се вистинска атракција на нивната тезга на горниот дел од зтворениот Градски пазар во Велес. Во текот на вчерашниот, пазарен ден,  немаше посетител во овој дел од пазарот чиј што поглед не го привлекоа овие убави природни украси.

Како што Дума.мк дозна од разговорот со производителката станува збор за случајно избрано семе кое што го засадила во неколку леи на бавчата. И таа била изненадена од првите плодови поточно од нивниот изглед и бои. Потоа изнесувајки ги на тезгата за продажба на произведениот зеленчук неочекувано започнал интересот за нивно  купување од страна на граѓаните.

Овие природни украси не ги разубавувале само домовите на велешани туку украсните тикви почнале да ги порачуваат и купувачи од други градови. Некои од овие плодови  завршиле и во домови на наши исселеници. Исто така, со нив веќе украсени се и неколку ресторани.

Оваа интересна секојдневна приказна е создадена за производи кои што се родиле на почва во Велес и се несекојдневни сувенири.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.