Издумани Крлевизми: Ме убедуваат дека не сум во право, а не ме ни дослушаа
Објавено: 14 август, 2026, во 10:42 часот
Наменети за читателската заедница на Дума.мк, за овој петок, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски ги напиша следниве афоризми:
„На сите туѓи желби им алудираме илузии. Нашите се реални.“
„Нема многу животинско во него. Само нешто мајмунско.“
„Сеуште правам црно бели фотографии. Убаво пожолтуваат!“
„Животот не е само поезија. И кога е проза мора да го читате.“
„Умно е умот да не биде слуга на страстите. Слугата работи што ќе му нареди господарот.“
„Ме убедуваат дека не сум во право, а не ме ни дослушаа.“
„Ако љубовта е уметност, тогаш бракот е надреализам!“
„Патот може да го изодиме и за една секунда, а пак да задоцниме.“
„Ако љубовта само тлее, заминете на службен пат.“
„Современиот човек е модерен роб. Роб, на желбите!“
Вашиот,
Атанас Крлевски



