Во Вардарски регион во вчерашниот ден избувнаа три пожари – вчера вечер гореше кавадаречката депонија (видео и фото)

Објавено: 26 август, 2026, во 07:36 часот

Според последниот извештај на Центар за управување со кризи во текот на вчерашниот ден, 25 август, до 18:00 часот, на територијата на Македонија, регистрирани беа вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 беа активни, 1 ставен под контрола, а 14 беа изгаснати.

Во активните пожари беше  евидентиран еден во Општина Чашка над село Нежилово каде гореа дрвја од видот смреки, во Општина Градско гора стрништа и ниска вегетација помеѓу селата Долно Чичево и Подлес и во  Општина Кавадарци каде гореше градската депонија „Мелци“.

Според Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) доцна вчера вечер беше ставен под контрола и изгаснат пожарот на Клепа,  помеѓу селата Долно Чичево и Подлес, додека според последните информации пред полноќ сеуште се гаснеше пожарот на кавадаречката депонија.

Од ДЗС не соопштија информации единствено за пожарот во Општина Чашка, кај село Нежилово.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.