Десет фирми во моментов бараат работници во Велес, им нудат минимална плата

Објавено: 31 август, 2026, во 12:32 часот

Десет активни огласи за вработување во моментов има во Велес.  Невработените, нив можат да ги видат на огласната табла во Агенцијата за вработување – подрачна единица Велес. Исто така огласите се објавени во електронска форма и на веб страницата на оваа институција.

Фирми бараат работници со квалификации како што се возачи, автомеханичар, финансиски  советник или продавач.

Најмногу огласи и слободни работни места има во компании кои се занимаваат со конфекциско производство.

Тоа што е идентично за скоро сите е висината на платата. Работодавачи за 40 часа неделна работа ја нудат минимална гарантирана плата во државата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.