Велешанец со нож се обидел да повреди обезбедувач на казино во Велес

Објавено: 19 август, 2020, во 08:58 часот

Velescentar fin

19.08.2020

Настанот се случил вчера вечер, околу 21.30 часот кога велешанецот Д.С физички го нападнал професионалното лице на Агенција за обезбедување кој бил на работното место во казиното во центарот на Велес. 

На физичкиот напад му претходела и расправија во која обезбедувачот барал а Д.С не сакал да стави заштитна маска за да влезе во казиното. 

„На ден 18.08.2020г околу 21:30 часот во СВР Велес пријавено е дека лице од агенција за обезбедување додека бил на работното место како обезбедување во казино во центарот на Велес, бил физички нападнат од лицето Д.С. од Велес кој не сакал да стави заштитна маска за да влезе во казиното. Напаѓачот употребил и нож, меѓутоа лицето од обезбедување го одбило нападот, по што напаѓачот го фрлил ножот и избегал во непознат правец“, пишува во соопштението на СВР Велес.

Полицијата трага по напаѓачот и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.