Жител на велешко Богмила тешко повреден во сообраќајка кај патарината Отовица
Објавено: 19 август, 2020, во 14:47 часот
19.08.2020
Шеесет годишниот С.Г го управувал сопственото возило, вчера попладне, кога се случил удар што предизвикал да удри во сообраќаен знак поставен на автопатот. Сообраќајката во Итна помош Велес ја пријавиле патници што во моментот патувале по автопатот. По укажаната лекарска помош на местото на несреќата повредениот С.Г бил транспортиран во Хирушки амбуланти на велешката Општа болница.
Како што информира д-р Василка Пановска поп Стефанова, началник на Итна помош Велес, возачот имал повеќе здобиени повреди.
– Пациентот се здобил со повреди на десена надлактица и лев колк, имал видлива рана на челото, рече д-р Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итна помош Велес.
– По направени прегледи и снимања во Општа болница Велес кога биле констатирани тешки повреди на граден кош пациентот бил итно пренсен во Ургентен центар на скопските клиники, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес./У.Ј


